Женската ракометна репрезентација на Македонија го имаше првиот собир пред двата натпревари против Словенија во ЕХФ Евро Купот. Селекторот Савевски на двомечот против Словенките нема да може да смета на две ракометарки од почетниот список, левиот бек Марија Штериова која има повреда, како и голманката Марија Јовановска која отпаѓа поради болест.
Леонида Гичевска и Јована Мицевска кои настапуваат во Фрнација на репрезентацијата ќе и се приклучат вечерва, бидејќи изминатиот викенд имаа настап во шампионатот на оваа земја.
Ракометарките во среда пред заминуваат до Загреб со авион, а потоа со автобус до крајната дестинација Целје. Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра во Целје на 3. март од 18 часот, додека реваншот е во Скопје на 6. март од 18.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА