Вучиќ за кореографијата на „Делије“: Хистеријата против нашата држава продолжува (ФОТО)

Српското вечно дерби и припадна на Црвена Звезда која славеше над Партизан со 2-0 во одличниот натпревар проследен и со одлична атмосферата на трибините за која се погрижија навивачите на двата клуба. А, кореографијата на „Делије“ од почетокот на натпреварот беше доживеана како шок во светот.

Станува збор за гробишта во сини бои со жолт круг по која беше подигнат и транспарент со лик на старец од култниот филм „Маратонци трчаат почесен круг“. Под него беше напишана и порака „Добро вечер“, што асоцира на позната сцена во која старец излегува од гроб и ги изговара тие зборови, а присутните во шок бегаат од местото – порака за навивачите на Партизан, Гробари.

Целата кореографија беше експресно толкувана како поддршка за Русите во војната во Украина по што за целата ситуација се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Хистеријата против нашата држава можете да ја видите и на премиерата на вчерашниот натпревар на Маракана. Навивачите ги прикажуваат „Маратонци“, а светот зборува за Украина и не знам што… Така беше и за измислениот авион кој тргнал по кошаркарот Петрушев. Измислуваат вести бидејќи не го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина. Баш им е галје дека Србија може да пати за нивните лаги“, вели Вучиќ.

Се вчитува...