Кошаркарската Евролига ќе продолжи без учество на екипите од Русија, е заклучокот што беше донесен на денешниот состанок на претставниците на клубовите во елитното европско кошаркарско натпреварување. ЦСКА Моска, Зенит и Уникс Казањ нема да можат да продолжат да се натпреваруваат во Евролигата, откако денеска беше одлучено нивното учество да биде суспендирано.
Според кошаркарски извори, санкцијата не се одразува како „исклучување на руските клубови“ од Евролигата, поради фактот дека ЦСКА е еден од 11-те клубови ко-сопственици на лигата, што би можело да придонесе во иднина рускиот гигант да ја тужи Евролигата. Воедно, раководството на лигата најавило дека ќе ја следи состојбата, а ако истата во најскоро време не се стабилизира, ќе следи и официјално бришење на резултатите на руските клубови и составување на нова табела.
Санкциите се однесуваат и на екипата на Локомотив Кубан, која нема да може да продолжи да се натпреварува во Еврокупот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА