Украинскиот боксер Олександар Усик, одлучи да се приклучи на Киевската Територијална Одбрана, во херојски обид да ја заштити и одбрани својата татковина откако Русија започна со својата опсада над Украинската држава.
Олександар Усик пред да се приклучи на Украинските одбранбени сили беше во преговори со тимот на Антони Џошуа за реванш на минатогодишниот боксерски меч каде Усик победи.
Откако моменталната ситуација ескалира, така и самиот меч се движи кон статус кво.
Некои медиуми шпекулираа дека Усик побегнал во Велика Британија за да избега од борби. Тој веднаш демантираше во неговата неодамнешна објава на Инстаграм.
„Драги Украинци, некои пишуваа за мене дека сум побегнал, тоа не е точно, имав бизнис патување, сега сум дома. Ние мора да се обединиме и да победиме, ќе се приклучам на војската на Украина бидејќи се справуваме со големи потешкотии“, изјави Олександар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА