Се зголемува бројот на репрезентации кои одбиваат да играат против Русија. Први кои одбија да играат со „зборнаја“ се Полска, Шведска и Чешка, кои се во баражот за СП заедно со оваа селекција, а вчера ФИФА донесе одлука после која ја исфрли Русија од СП во Катар, како и нивните клубови од сите натпреварувања.
Се очекува ФИФА и УЕФА да реагираат и да ја исфрлат и од квалификациите, доколку нешто драстично не се смени. Првичната одлука беше дека Русија може да игра без знаме, химна и без име, меѓутоа подоцна потклекна на притисокот од јавноста и ја исклучи репрезентацијата од сите натпреварувања. Истото го сторија и ЕХФ и ФИБА.
Денеска Холандија објави дека нема да игра ниту против Русија ниту против Белорусија се додека трае инвазијата на Украина.
„Холандсската федерација ја осудува агресијата на Русија над Украина. Со цело срце се надеваме дека ова ќе заврши што побрзо. Донесовме одлука дека ниту една наша селекција нема да игра ниту против Русија ниту против Белорусија“, порачаа од холандскиот фудбалски сојуз.
Истото го сторија и од исландскиот фудбалски сојуз. Женската селекција на Исланд е задно со Русија во квалификациите. Исто така од Исланд порачаа дека нема никако да играат против оваа селекција, без разлика дали ќе има сменето име и знаме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА