Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија денеска беа извлечени четвртфиналните групи од Купот на Македонија.
Предвидено е натпреварите да се одиграат на 12 и на 13 март, а традиционално, само победниците на четирите групи ќе обезбедат место на завршниот куп-турнир.
Вардар, кој е бранител на трофејот, е дел од групата 1 заедно со Металург, Тиквеш и Јуниор Кисела Вода.
Бутел е носител во групата 2, каде ќе има против себе два скопски ривали, и тоа Скопје 2020 и Аеродром, како и тимот на Струга.
Еурофарм Пелистер е дел од групата 3, каде во полуфиналето ќе се сретне со составот на Алкалоид. Дел од оваа група се уште и екипите на Драчево и на Охрид.
Вториот тим на Еурофарм Пелитер, кој ја заврши Супер-лигата на третото место, е дел од групата 4, во која ќе се најдат уште и Пролет, Прилеп и прволигашот ГА.
ГРУПА „1“: Металург – Тиквеш, Јуниор КВ – Вардар
ГРУПА „2“: Бутел – Скопје 2020, Струга – Аеродром
ГРУПА „3“: Алкалоид – Е. Пелистер, Драчево – Охрид
ГРУПА „4“: Т. Пролет – Е. Пелистер 2, Прилеп – Голден Арт
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА