Сент Паули немаше сили за нова сензација: Унион Берлин прв полуфиналист во германскиот Куп

Откако го елиминираше тимот на Борусија Дортмунд, тимот на Сент Паули немаше сили за нова сензација во Купот на Германија, и вечерва загуби од Унион Берлин со 2-1.

Иако Сент Паули тргна добро, и со голот на Кjерех поведе во 21. минута. Бекер во 45. минута успеа да израмни.

Во вториот дел нововлезениот Фоглзамер успеа да постигне гол и така да му донесе победа на тимот на Унион, и да обезбеди полуфинален меч.

Останатите двојки во 1/4 финалето се Хамбургер – Карлсруе, Хановер – Лајпциг и Бохум – Фрајбург. Лајпциг е засега најсериозен кандидат за освојување на трофејот.

Се вчитува...