Милан и Интер ремизираа без голови во првото полуфинале од Купот на Италија па патникот во финалето од „дела Мадонина“ ќе биде одлучен на 20. април.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли вели дека неговиот тим заслужил да победи, и дека Милан заслужува да стигне до барем еден трофеј сезонава.
„Игравме добро и заслуживме повеќе од реми. Резултатот е добар, но мислам дека бевме блиску до победа. Првиот дел од двомечот е готов и сега не чека реванш во кој знаеме дека ќе биде потешко, но ние многу напреднавме во последните години. Сакаме оваа одлична сезона да ја завршиме со трофеј“, вели Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА