Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека патувал низ светот претставувајќи ја својата земја како боксер од Куќата на славните, па особено бил горд што настапувал Украинец. Кличко ги повика сите земјите во овие тешки моменти да ја поддржат Украина, бидејќи без таа поддршка ќе биде речиси невозможно да се преживее.
Градоначалникот на Киев за „Си-Ен-Ен“ изјави дека во главниот град на Украина функционира инфраструктурата, струјата, греењето и водата.
„Стоиме пред една од најсилните армии во светот. Волјата да бидеме независни е врвен приоритет за нас. А ние ги браниме нашите семејства, нашиот град, нашата земја и нашата иднина“, изјави поранешниот светски шампион во тешка категорија во бокс.
Тој додаде дека надлежните се во директна комуникација со Црвениот крст и други хуманитарни организации кои испраќаат храна и друга помош. Она што навистина му треба на Киев, рече Кличко, се построги санкции против Русија.
„Мораме да останеме обединети. Војната не е само за Украина. Таа е предизвик за целиот модерен свет, за целиот демократски свет. Очекуваме огромна борба. Но, ние се бориме за нашите семејства“, рече Кличко.
Поранешниот боксер додаде дека во Украина е активиран патриотскиот дух, љубовта кон тактовината.
„Стари луѓе, можете ли да замислите, лекари, актери, театарски актери, многу професии кои никогаш не очекувале да се борат, да држат оружје, но сега ни приоѓаат. Тие се подготвени да се борат. Неверојатно е. Неверојатно е“, потенцираше Кличко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА