Играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси на крајот од сезоната може да го напушти клубот како слободен агент. Пред натпреварот со Интер во Купот, Паоло Малдини потврди дека нема договор меѓу фудбалерот и клубот.
„На Кеси му истекува договорот, и немаме нов. Клубот го кажа своето и нема да попуштаме“, рече Малдини и повтори дека клубот нема да му нуди подобри услови.
Медиуми во Шпанија веќе пишуваат дека следниот клуб на играчот од Брегот на слоновата коска ќе биде Барселона, и дека веќе бара начин да ги исполни условите на Кеси. еси бара 6 милиони евра по сезона, а во Барса се решени да уфрлат разни бонуси за да стигнат до бараниот износ. Во моментов Милан му нуди плата од 4,5 милиони годишно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА