Непоплн месец не дели од почетокот на новата сезона во Формула 1, а пред почетокот на истата актуелниот шампион, Макс Ферстапен потпиша нов договор со Ред Бул. Истиот е со важност до 2028 година, а годишните примањата на Холанѓенецот ќе изнесуваат 50 милиони евра.
Со тоа младиот возач се изедначи со Луис Хамилтон на врвот на листата на примања со тоа што договорот на Британецот истекува на крајот на сезоната, а возачот на Ред Бул во следните шест години ќе има загарантиран договор.
Really proud to announce that @redbullracing will be my home until at least 2028. I love this team and I am very happy to continue this amazing journey we are on for a long time. We have accomplished so much together already but we are definitely not done.💪✍️ pic.twitter.com/ONWq32B835
— Max Verstappen (@Max33Verstappen) March 3, 2022
Зад Британецот и Холанѓанецот е Фернандо Алонсо со 24 милиони евра по сезоната, а потоа следат Себастијан Фетел и Даниел Рикардо со по 18 милиони евра.
Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинз имаат приближно исти примањa со 13.5 милиони, односно 11 милиони евра по сезоната, а 11 милиони евра заработува и Валетри Ботас. Дебитантот во натпреварувањето, Гинџи Жу заработува 1.2 милиони евра, додека најмала плата од еден милион евра има Јуки Цунода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА