Ф1 го раскина договорот со „Големата награда на Русија“

Пред два дена Светската автомобилска федерација (ФИА) одржа состанок на кој, меѓу другото, беше одлучено руските и белоруските возачи да не бидат суспендирани, туку да се натпреваруваат под знамето на ФИА и без химна.

Исто така, на истиот состанок, во договор со Формула 1, беше одлучено меѓународните натпревари да не се одржуваат на територијата на Русија и Белорусија „додека не се реши поинаку“. Сепак, сега Формула 1 потврди дека не размислува за враќање на патеката во Сочи и дека најверојатно оваа соработка повеќе нема да се повтори.

Во првата изјава, набрзо по руската инвазија на Украина, од Формула 1, се нагласува дека трката во Сочи е откажана „поради виша сила“, а деталите ќе бидат објавени во наредните денови.

 

 

Се вчитува...