Мицевска: Ме радува тоа што од натпревар во натпревар се сме подобри

Женската ракометна репрезентација на Македонија иако загуби вчера на гостувањето кај Словенија (29-28) во третото коло од ЕХФ ЕВРО купот, дефинитивно играта на „црвено-жолтите“ девојки може да радува.

Беа во егал со квалитетна репрезентација која беше предводена од еден од најдобрите бекови во светот, Ана Грос. Еден од најдобрите поединци во нашиот тим беше голманката Јована Мицевска која мечот го заврши со осум одбрани.

„Сметам дека покажавме цврстина и храброст и се радувам што нашата игра од натпревар во натпревар е се подобра и подобра. Изигравме тежок меч против квалитетен противник и се надевам дека тоа што ни недостасуваше на овој меч ќе го надополниме во недела и конечно ќе не посака да ја крунисаме добрата игра со бодови“, изјави Мицевска. 

Вториот меч против Словенија ракометарките ќе го одиграат во недела во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 18.30 часот.

Се вчитува...