Стигна и официјална потврда: Белград ќе биде домаќин на фајнл-форот во Евролигата, кој ќе се игра од 19 до 21 мај.
Фајнлфорот оваа година требаше да се одржи во Берлин, но поради безбедносните мерки за коронавирусот, не можеа да гарантираат дека ќе има навивачи на трибините. Дури се стравуваше дека некои кошаркари немаше да играат поради мерките.
Белград веднаш се огласи, па четири години подоцна повторно завршниот турнир ќе се игра во главниот град на Србија. Последниот пат се одигра во 2018 година кога Реал Мадрид во финалето го совлада Фенербахче и ја освои Евролигата.
„После многу размислување донесовме најдобра одлука за нашите навивачи и самите играчи. Нашата главна цел е да го почитуваме интегритетот на натпреварување и да ја намалиме неизвесноста за сите наши акционери. Не можевме да посакаме подобра алтернатива од Белград, град кој автоматски се идентификува со кошарката. Благодарност до владата на Србија и до Градот Белград на честа, и се надеваме дека ќе уживаме во возбудлив Фајнл Фор“, вели првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА