Парис најдобар на спустот во Квитфил

Италијанецот, Доминик Парис го освои првото место на претпоследниот спуст во светскиот куп во алпско скијање кој денеска се возеше во норвешкиот Квитфил. Италијанецот до победата стигна со време од 1:43.92 минута.

Второто место му припадна на домашниот скијач Александер Омот – Килде кој доцнеше 55 стотинки зад времето на победникот, додека подиумот го надополниja Швајцареците, Беат Фојц и Нилс Хинтерман со заостанување од 81 стоти дел од секундата зад времето на Парис.

Килде и Фојц ќе водат битка за малиот кристален глобус во спуст во последната трка сезонава каде Норвежанецот ќе влезе со предност од 23 поени.

Се вчитува...