Вилјареал загуби на гостувањето кај Осасуна со 1-0 во натпревар од 27. коло во шпанската Ла лига. Со овој пораз избраниците на Унаи Емери се вратија чекор назад во борбата за едно од местата кои следната сезона водат во Лигата на шампионите.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 63. минута кога Чими Авилја на асистенција на Рубен Гарсија донесе големи три бода за тимот од Памплона. Осасуна со овие три бода се искачи на деветото место со 35 бода, додека Вилјареал останува седми со 42 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

