Лидерот Баерн Минхен направи уште еден кикс во битката за титулата во Германија, играјќи само 1-1 на домашен терен со Баер Леверкузен. Томас Милер е трагичарот на „Баварците“ откако си постигна автогол. Претходно Баерн со голот на Зиле дојдоа во водство. До крајот на мечот и покрај доминацијата, сепак, домашните од Минхен не стигнаа до втор гол и до победата.
Лајциг во финишот од мечот спаси еден бод во дуелот со Фрајбург. Демировиќ во 38. минута донесе водство за гостите, но на крајот фаворитот преку Анхелињо успеа да израмни.
Херта на домашен терен доживеа катастрофа од Ајнтрахт Франкфурт и загуби со 1-4. Кнауф, Тута, Линдстром и Боре погодија за гостите, додека берлинци постигнаа само еден гол преку Зелке.
Волфсбург потешко од очекувањата го совлада Унион Берлин со 1-0. Голот вреден победа беше автогол на Авонији во 24. минута. Бохум дојде до вреден триумф над Гројтер од 2-1 во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

