Челси во второто полувреме го реши Барнли (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси славеа со убедливи 0-4 на гостувањето кај Барнли во 28. коло од англиската Премиер-лига. Домаќините одлично му парираа на големиот фаворит во првото полувреме кое заврши без голови 0-0.

Сепак, уште на стартот на вториот дел гостите заиграа далеку подобро и во рок од осум минути ги решија сите дилеми околу победникот. Прво Рис Џејмс во 47. минута донесе водство од 0-1, по што следуваа два гола на Каи Хаверц во 52. и 55. минута. Конечните 0-4 ги постави Кристијан Пулишиќ со погодок во 69. минута.

Во останатите натпревар од терминот од 16 часот во Англија: Астон Вила – Саутемптон 4-0, Њукасл – Брајтон 2-1, Норич – Брентфорд 1-3 и Вулверхемптон – Кристал Палас 0-2.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...