Трката за титулата во Србија стана многу интересна по триумфот на Црвена Звезда на вечното дерби, па затоа денеска во фокусот на вниманието е сомнителниот пенал што Партизан го доби за да слави на гостувањето против Спартак.
Партизан со многу мака стигна до цел плен на гостувањето против Спартак Суботица, со пенал што во самиот финиш по долга полемика беше досуден за „црно-белите“. Главниот судија не покажа во прв момент на белата точка, потоа две минути ја следеше спорната ситуација, за на крајот да досуди пенал што Натхо го претвори во победнички погодок.
Навивачите на Црвена Звезда го споделуваат видеото од спорниот момент во Суботица жалејќи се на неправда oд арбитрите. Партизан со триумфот против Спартак има пет бода предност во однос на Црвена Звезда, која попладнево го игра својот меч на домашен терен со Нови Пазар.
Spartak Subotica-Partizan maçında 84. dakikada bu pozisyona penaltı verildi ve Partizan 1-0 öne geçti 😂😂pic.twitter.com/Ei4aEi1obL
— Kızılyıldız Türkiye (@fkcztr1945) March 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА