По поразот од Манчестер Сити, челниците на Јунајтед се подготвуваат да го решат прашањето околу менаџерската позиција на која привремено се наоѓа Ралф Рангник.
Иако беше најавено дека Германецот ќе остане до крајот на сезоната, резултатите не дозволуваат такво нешто и мора да се бара решение за да не биде загубена сезоната и екипата да го пропушти учеството во Лигата на шампионите. По денешниот пораз, Јунајтед е на петтата позиција на табелата, а Арсенал кој е четврти има дури три натпревари помалку.
Сепак, малку буни еден момент. Англиските медиуми тврдат дека на местото на Рангник ќе дојде Покетино или Тен Хаг, а во оваа фаза од сезоната, такво нешто е речиси невозможно. Единствениот начин да се исполни ваквата најава е ПСЖ в среда да доживее елиминација од Реал во Лигата на шампионите, па Покетино да добие отказ и да го преземе Јунајтед. Се останато во моментов е во сферата на теоријата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА