Поранешен голман на Партизан и на Црна Гора се обидел да се самоубие

Поранешниот голман на Партизан и на црногорската репрезентација Младен Божовиќ, имал обид за самоубиство. Наводно екс чуварот на мрежата си пукал во градите, и се наоѓа во тешка состојба откако е пронајден со неколку прострелни рани.

Божовиќ од 2008 до 2019 година бранеше во Партизан, а од 2007 до 2017 беше дел од селекцијата на Црна Гора, за која забележа 48 настапи.

Тој е рекорден во српската лига со 916 миути без примен гол. Со Партизан успеа да освои три титули првак, а потоа замина во Видеотон. Тој во моментов е дел од Зета, а бранеше и за Томск, Лариза, Младост Бодгорица, Будуќност.

Се вчитува...