Македонија со браќата Бабунски во баражот со Италија

За првпат во сениорскиот национален тим на Македонија ќе бидат браќата Давид и Дориан Бабунски. Двајцата играчи на Дебрецен добија повик за селекцијата од страна на селекторот Благоја Милевски, соопшти унгарскиот клуб.

Тоа ќе биде првпат браќата Бабунски да играат во А националниот тим, и остварување на дамнешната желба на двајцата.

Давид беше во Дебрецен од почетокот на сезоната, а потоа му се приклучи и Дориан, по добрите настапи во дресот на Ботев Враца. Инаку Дориан беше повикан за последните два меча во квалификациите за СП.

Давид, пак, добива шанса во националниот тим после пет години. Последен пат имаше повик во 2017 година, во квалификациите за СП 2018 година и последен настап му беше во март 2017 година против Лихтенштајн.

Македонија во полуфиналето од баражот за СП 2022 против Италија ќе игра на 24. март во Палермо. Без разлика на победа или пораз, македонската селекција на 29. март ја очекува уште еден натпревар. Во случај на триумф над Италија против подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција во финалето за пласман на Мундијалот, а во случај на пораз од Италија пријателски дуел со поразениот од пресметката меѓу Португалија и Турција.

Се вчитува...