На 26.03.2022 во Кочани по централното градско подрачје за прв пат ќе се одржи Ротари трка ( Rotary run) на 5 и 10 км. Организатор на оваа трка е Ротари Клуб Кочани–Виница. Трката е со старт и цел во центарот на градот со почеток во 18.00 часот и ќе се трча во круг со должина од 5 километри.
Сите учесници ќе добијат стартен број со чип, подароци од спонзорите и финишерски медал. Пријавувањето е на www.smartrace.club и е отворено до 20.03.2022. По завршувањео на трката е предвидена забава со локални ДиЏеј и Бендови.
Сите средства кои ке бидат собрани ќе бидат наменети за реализирање на проекти во Кочани и Виница за развој на спортот. Како Ротари Клуб се водиме со мотото Service Above Self и се надеваме дека оваа трка ќе прерасне во традиција со што ќе ни овозможи и повеќе проекти за реализирање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА