Ракометниот шампион на Македонија, Вардар на најдобар можен начин ја затвори групната фаза во Лигата на шампионите. Иако немаше никакво резултатско значење „вардарци“ одиграа за себе и за неверојатната победа и на крајот славеа над Елверум со убедливи 39-30.
Давид Дејвис по доаѓањето во Скопје не знае за пораз во елитата, а со одлична атмосфера неговите ракометари ќе го пречекаат унгарскиот Веспрем во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА