Интер сака да го потпише напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака. Миланскиот клуб почнал преговори со 23-годишниот голгетер, и е фаворит за неговиот потпис.
Сасусоло бара 40 милиони евра за неговите услуги, додека Интер дава 30 милиони. Се очеува двете страни да се договорат и тој од следната сезона да биде дел од „нероазурите“.
Во 26 натпревари сезонава, Скамака постигна 11 голови. Тој е втор стрелец во тимот после Доменико Берарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА