Последниот натпревар од групната фаза во ракометната Лига на Шампиони донесе победа на Веспрем на гостувањето кај ПСЖ со 39-40.
По изедначеното отварање на натпреварот иницијативата прв ја зема ПСЖ кој со мини серии успеа да стигне до предност од 10-8, но гостите од Унгарија беа оние кои одговорија со серија од 5-0 за превземање на иницијативата (10-13). Веспрем подоцна ја зголеми позитивата на +4 (15-19), но завршницата на првите 30. минути им припадна на домаќините кои успеаја да стигнат до само -1 (19-20).
Отварањето на второто полувреме донесе ново изедначување, но потоа следеше нов убедлив период на унгарскиот тим кој ја врати позитивната на +4 (25-29), а потоа и ја задржа предноста до самиот крај и покрај тоа што домаќините на крајот стигнаа до негатива од само еден гол.
Табелата не претпре промени па ПСЖ и Веспрем ќе ја започнат следната фаза од осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА