Кошаркарите на Црвена Звезда стигнаа до единаесеттата победа во Евролигата откако на домашен терен славеа над Макаби Тел Авив со 84-77. Со новата победа „црвено-белите“ се најдоа на добар пат да изборат место во плејофот со тоа што на пет кола пред крајот на регуларниот дел имаат една победа повеќе од Монако.
Никола Калиниќ беше првото име во редовите на белградскиот тим со 15 поени, 5 скока и 5 асистенции, додека него го следеше Волтерс со 12 поени и 3 скока. Кај гостите 24 поени постигна Џејмс Нанали, додека 14 поени и 4 асистенции забележа Вилбекин.
Реал Мадрид стави крај на серијата од четири порази едно по друго во Евролигата откако по продолжение славеше над Милано со 92-88. Предводник на „кралскиот тим“ беше Љуљ со 20 поени, додека кај гостите 21 поен постигна Хал.
Денеска до победи стигнаа и Алба која во Берлин славеше над Олимпијакос со 90-75 и Басконија која го доби гостувањето кај АСВЕЛ со 69-72.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА