Шкупи крунисан во нов шампион во футсал

Екипата на Шкупи е нов шампион во првенството во футсал во Македонија. Тимот од Чаир вечерва го доби пехарот за најдобар во сезоната 2021/2022 година. Тие ја завршија сезоната победнички, совладувајќи го тимот на Шкендија со 0-4 во последното коло, и така направија предност од шест бодови на табелата пред стариот шампион КМФ Проект.

Шкупи ја заврши сезоната со само еден пораз, и со 51 бод. Втор ќе заврши тимот на Проект, минатосезонскиот шампион. Иако имаат повеќе постигнати голови од новиот првак, сепак, на крајот Проект мораше да се задоволи со втората позиција.

На третото место во моментов на коло пред крај е тимот на Железарец со 31 бод, или еден повеќе од КМФ Арбен Бајрами.

Се вчитува...