Фудбалската федерација на Македонија на денешното редовно годишно Собрание го разгледа финансискиот извештај за 2021 година според кој остварени се приходи од 19 милиони евра.
На Собранието на кое присуствуваа 55 делегати од вкупно 58 регистрирани во хотелот „Хилтон“ во Скопје беше утврдено дека зад македонскиот фудбал е најплодната година во историјата како резултатот и на настапот на македонската репрезентација на ЕП.
Сето тоа беше поздравено и од претставниците на ФИФА и УЕФА.
„Сакам да истакнам колку многу е сработено во делот на развојот на фудбалот, преку изградба на фудбалска инфраструктура, терени и стадиони и потврден големиот проифесионализам во вашите проекти. Заедно со вас, а се разбира во координација со ФИФА и УЕФА работиме во тесна соработка за изготвување на новиот статут, документ што ќе биде нов дополнителен чекор за подобро управување и нови прописи. Во најскоро време ќе ги достаиме нацрт верзиите. Најдобар пример за вашата посветеност е настапот на Еуро 2020 за првпат, успех рамен на чудо, но чудо е и вашиот пласман во баражот за Светското првенство. За 12 дена од сега ќе играте со европскиот шампион за настап на СП. Посакувам да продолжите со добрата работа иако навистина е тешко е да се зборува за фудбал во вакви моменти. Веќе неколку години фудбалот и светот не живеат во нормална ситуација, прво со Ковид-19, а сега пред неколку недели во срцето на Европа изби војна. Скршени сме од болка од тоа што се случува во Украина. Ние како УЕФА сме подготвени да направиме сѐ што е можно да направиме да заврши ова, а сите покажаа солидарност. Сакам да и заблагодарам на ФФМ за поддршката на секоја одлука на УЕФА и за секоја одлука за европскиот фудбал“ – истакна претставникот на УЕФА на Собранието, Денис Бастари.
Согласно финансискиот извештај, ФФМ потрошила околу 3 милиони на фудбалската инфраструктура, притоа годината завршена и со позитивно салдо од 4,3 милиони евра.
„Честитки за успесите за минатата година, успеси како на терен, така и надвор од него. Ова е убава можност да го нагласиме силното пријателство и соработка меѓу ФИФА и ФФМ. Вие стево чекор со ФИФА и заеднички придонесуваме заразвој на спортот кој сите го сакаме. ФИФА е горда на многуте заеднички проекти што ги спроведуваме во рамките на FIFA forward програмата. Не радува тоа што финансиските средства се вложуваат за развој, посебно на клучната компонента, а тоа е инфраструктурата. Честитки за објавувањето на новата стратегија, како и стратегијата за женски фудбал, можете да сметате на континуираната поддршка од ФИФА за остварување на зацртаните цели. Исто така, бидете горди на напорната работа и трудот што го вложивте во изминативе години почнувајќи од аматерско до највисоко ниво. Единствено на тој начинможе да се постигнат најголеми успеси, а доказ за тоа беше настапот на Македонија на ЕП 2020 и пласманот во бараж за Светско првенство“ – рече во своето обраќање претставникот на ФИФА, Чарлс Ботман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА