Вардар е вториот тим, по Бутел, што обезбеди учество на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија откако „црвено-црните“ рутински стигнаа до првото место во својата група.
По убедливиот триумф над Јуниор Кисела Вода (40-23) во полуфиналето, „вардарци“ денеска беа подобри и во финалниот дуел против Тиквеш со резултат 33-23. Кавадарчани допатуваа со само дванесет ракометари, при што целосно му се спротивставија на фаворитот во првото полувреме. Тиквеш имаше и водство од 10-12 пред крајот на полувремето, Вардар до крајот на првиот дел направи пресврт и поведе со 14-13, за потоа во второто полувреме целосно да го скрши отпорот на гостите и на крајот да слави со убедливи десет гола разлика.
Тимур Дибиров беше прв стрелец на Вардар и на овој меч постигнувајќи седум погодоци, еден повеќе од Оливие Нијокас, додека најефиксни во таборот на Тиквеш беа Симиќ со седум и Гошевски со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА