Леванте е чекор поблиску до испаѓање од елитното шпанско фудбалско друштво откако тимот на нашиот Енис Барди попладнево одигра само 1-1 на домашен терен против Еспањол.
Леванте беше подобар тим во првото полувреме, кога домашните фудбалери не искористија неколку убави шанси, Барди најпрвин биеше само во живиот ѕид од слободен удар од 20 метри, а потоа на негова асистенција десниот бек Пубил се посрамоти промашувајќи од само еден метар.
Казната стигна на почетокот од второто полувреме, кога Пуадо успеа да ја затресе мрежата на Леванте и да му донесе огромна радост на остинскиот состав. Домаќините стигнаа до заслужено израмнување преку Дани Гомез во 80. минута по лошата проценка на гостинскиот голман, но Барди и соиграчите немаа сили за целосен камбек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА