ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Керим херој за Вардар против Охрид, победа и на Воска, Силекс само до реми со Беса

Најтрофејниот македонски клуб Вардар стигна до минимална победа од 1-0 на домашен терен против Охрид во натпревар од 19. коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Херој за „црвено-црните“ беше Вилдан Керим кој победничкиот погодок го постигна во 85. минута од натпреварот.

До победа на домашен терен стигна и Воска Спорт која беше подобра од Кораб со 2-0. Стрелци на головите за тимот од Охрид беа Изаир емини во 36. и Ристе Илијовски во 92. минута. Лидерот Силекс одигра реми без голови (0-0) на домашен терен против Беса.

Гостивар одигра неверојатен натпревар на домашен терен совладувајќи го Кадино со убедливи 6-1, додека Тетекс триумфираше на домашен ден против Велешта со 2-0.

РЕЗУЛТАТИ – 19. КОЛО

Силекс – Беса  0-0

Воска – Кораб  2-0

Вардар – Охрид  1-0

Тетекс – Велешта 2-0

Гостивар – Кадино 6-1

Се вчитува...