Димитријевиќ со 11 поени во поразот од својот поранешен клуб

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ загуби со Валенсија од својот поранешен клуб Хувентуд со 76-68 во 23. коло од шпанската АЦБ-лига.

Димитријевиќ одигра 20 минути на паркетот, одигрувајќи квалитетен меч завршувајќи го со 11 постигнати поени на гостувањето во Бадалона.

Македонскиот кошаркар имаше шут од 4/11 од поле, и 2/2 од линијата за слободни фрлања, а дополнети и со два скока и две асистенции.

Се вчитува...