Неверојатен бокс-меч синоќа во Нотингем меѓу Англичанецот Лејт Вуд и Ирецот Мајкл Конлан. Вуд во мечот влезе како светски шампион во перолесна категорија во ВБА-верзијата, и тоа против непоразениот Конлан.
Повеќе од извонреден меч кој на крајот заврши со филмски нокаут во кој Вуд во последната рунда успеа да ја задржи титулата, иако беше пред пораз.
Конлан кај сите судии имаше бодовна предност, имаше феноменална борба низ која уште во првата рунда на под го испрати Вуд и очекуваше само крај на борбата за да ја добие титулата. Но, во последната рунда Вуд се одлучи да оди на се или ништо и успеа на неверојатен начин да го нокаутира противникот кој падна и надвор од рингот.
Leigh Wood's KO of Michael Conlan#boxing pic.twitter.com/AkhkZdspMW
— BoxingVibe (@boxingvibe) March 12, 2022
„Нема да славам се додека не дознам како е Мајкл. Се надевам дека се е во најдобар ред“ – порача Вуд по борбата.
А, неговиот противник на носилки беше изнесен од салата, итно префрлен во болница, но се чувствува добро.
Вуд во кариерата има 26 победи и два порази, додека Конлан го доживеа својот прв пораз, наспроти 16 победи досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА