Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски по пауза од речиси цел месец се врати на голот на Рајо Валјекано и е најзаслужен што неговиот тим остана непоразе на дуелот против Севилја на домашен терен.
Рајо и Севилја одиграа без победник (1-1), благодарение и на извонредната интервенција на Димитриевски во последните секунди од средбата. Во 94. минута Севилја ја имаше најубавата шанса за победа кога Марсијал испрати „бомба“ кон голот на Димитриевски, но македонскиот репрезентативец со одлична парада ја сочува својата мрежа.
Интервенцијата на Димитриевски може да ја погледнете на следниот ЛИНК.
На крајот, првите честитки за македонскиот репрезентативец беа и од Хрватот Иван Ракитиќ, еден од најдобрите фудбалери на Севилја, и на денешниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

