Пешевски одличен против лидерот Магдебург

Жарко Пешевски ја потврди одличната форма во пресрет на бараж-двомечот со Романија откако репрезентативниот пивот блесна на дуелот меѓу Штутгарт и бундеслигашиот лидер Магдебург.

Штутгарт одлично му се спротивстави на големиот фаворит, но Пешевски и соиграчите немаа сили во финишот и го загубија мечот со 27-30. Нашиот интернационалец му создаде огромни проблеми на противничкиот состав, постигнувајќи пет погодоци од вкупно шест обиди кон противничкиот гол.

Вецлар на Филип Миркуловски претрпе неочекуван пораз на гостувањето против Лемго (29-27). Ракометарите на Вецлар имаа водство од шест гола во второто полувреме, но Лемго успеа да се врати и со целосен пресврт да стигне до триумф. Миркуловски не се запиша меѓу стрелците, промашувајќи го единствениот шут кон голот на Лемго на оваа средба.

Се вчитува...