Партизан не успеа да победи против Напредак во 27. коло од шампионатот на Србија, играјќи без голови на домашен терен.
Во крајно анемичен натпревар, „црно-белите“ најголемата шанса ја имаа во последните секунди од средбата.
Во судиското продолжение младиот Марко Миловановиќ буквално од четири метри успеа да го погоди голманот на Напредак, Никола Васиљевиќ. Промашување кое „може да чини титула“, ако се знае дека сега со триумф Црвена Звезда ќе се израмни на врвот од табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА