Столе Димитриевски по пауза од речиси цел месец се врати на голот на Рајо Валјекано, давајќи значаен придонес во ремито на својот тим на домашен терен против фаворитот Севилја (1-1).
Македонскиот репрезентативен голман даде свој коментар по натпреварот, па директно му се обрати на тренерот на Севилја, Лопетеги, потенцирајќи дека е доста со „жалење“ и вперување со прст кон судиите.
„Сите само нешто се жалат на судењето и сите нешто само се обидуваат со тие жалби да добијат потоа во следниот викенд. Само затоа плачат. Сите плачат, сите нешто сакаат да добијат. И јас некогаш не ги разбирам критериумите на судиите, но секаде ова се случува. И треба да сфатиме дека и нивната работа е тешка и треба да се има респект. Судиите се луѓе, може да згрешат и треба да ги оставиме да работат … Тренерот на Севилја изјави дека имале голем влог, но и ние имаме голем влог. И ние играме во најдобрата светска лига од сите аспекти, а сите нешто се жалат, па ова полека почна да личи на пазар. Судиите треба да напредуваат, да, ама и ние треба да напредуваме“, додаде Димитриевски.
Столе заработи незгодна повреда на десетина минути до крајот, при обид да шутне топка од сопствениот шеснаесетник, по неколкуминутна лекарска помош сепак го продолжи мечот, но останува да се види лекарските прегледи да покажат дали и колку е сериозен проблемот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА