Еден од најдобрите ракометари на денешницата и член на Пари Сен Жермен, Микел Хансен ќе биде четири од шест недели надвор од терените. Тој поради проблеми со ‘рскавицата на десното колено мора да замине на операција.
Оперативниот зафат тој ќе го изврши во Данска во текот на неделата, а потоа ќе се врати во главниот град на Франција каде ќе продолжи со рехабилитација со медицинскиот штаб на „светците“.
Тоа значи дека Хансен и дефинитивно ќе ги пропушти осминафиналните натпревари против норвешкиот Елверум кои се закажани за 30. март и 6. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА