Херта го промовираше Феликс Магат: Се надеваме дека ќе нѐ извлече од оваа ситуација

Херта Берлин ќе брка опстанок со добро познато и искусно име. Феликс Магат денеска беше промовиран за нов тренер на тимот од Берлин, и доаѓа на местото на Коркмаз Булент кој доби отказ после поразот од Борусија Менхенгладбах со 2-0.

Иако потроши многу пари за засилувања, Херта е на претпоследното место на табелата со 23 бодови, и му се заканува директно испаѓање ако не почне да собира бодови.

„Биографијата доволно говори за Феликс Магат. Се надеваме дека ќе не извлече од оваа за нас предизвикувачка ситуација“, рече спортскиот директор Фреди Бобиќ на промоцијата.

Магат во минатото работеше во многу клубови во Германија, меѓу кои Хамбургер, Вердер, Ајнтрахт Франфурт, Штутгар, Баерн Минхен, Волфсбург, Шалке, а беше дел и од Фулам во Премиер-лигата, како и во Шандун Лунен во Кина. Од 2017 беше без ангажман.

Се вчитува...