ЕХФ ги потврди и термините за осминафиналето во Лигата на Европа. За противник во оваа фаза на „пелистерци“ ќе биде тимот на Нексе.
Првиот натпревар битолскиот состав го игра во Нашице на 29. март, додека реваншот е закажан за 5. април во Битола.
Доколку битолчани го елиминираат незгодниот ривал, тогаш во четвртфиналниот двобој ќе ги чека победникот од дуелот меѓу Бидасоа од Шпанија и ГОГ Гудме од Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА