Фудбалерите на Лацио со победа над Венеција од 0-1 го заверија последниот натпревар од италијанската Серија А во рамки на 29. коло.
Лацио ја имаше иницијативата на натпреварот уште од првата минута, но без реализација за гол во првиот дел. На пауза се замина со почетниот резултат (0-0).
Во второто полувреме мрежата на гостите се затресе по неколку минути игра, најпрвин поради офсајд беше поништен голот на Чиро во 47.минута, но Имобиле не се откажа и успеа за кратко време по вторпат да го совлада гостинскиот голман, овој пат преку пенал донесе минимална предност за својот тим во 57. минута.
Овој гол се покажа како сосема доволен. По оваа победа Лацио успеа да ја претекне Аталанта и Рома, па сега се наоѓа на 5. место со 49 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА