Стеф Кари долго ќе го памети својот 34. роденден откако извонредниот шутер одигра меч за паметење против Вашингтон. Голден Стејт лесно славеше, а Кари го заврши мечот со 47 постигнати поени, погодувајќи од сите позиции, на радост на соиграчите и на домашните фанови во арената на „воините“.
Она што е интересно, 47-те поени на Кари не се ниту Топ 3 ефект кога станува збор за роденденски меч на некој НБА-играч, на врвот на листата се наоѓа Шекил О’Нил со 61 поен на својот 28.роденден, предДоминик Вилкинс со 53 поени на 27. роденден, додека Леброн Џејмс постигна 48 поени на својот 25. роденден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА