Селекторот на Македонија, Благоја Милевски има причина за задоволство откако Аријан Адеми целосно ги надмина проблемите со повредата и почна да тренира со полна пареа со остатокот од тимот на Динамо Загреб.
Големиот борец дваесетина дена е надвор од терените, а на големото дерби со Хајдук се најде на клупата за резерви, но не влезе во игра. Тренерот Копиќ денеска објави дека Адеми почнал да тренира со останатите фудбалери и ќе биде во комбинација за наредниот дуел од хрватското првенство против Славен Белупо.
На девет дена пред историскиот бараж дуел со Италија, јасно е дека камбекот на еден од најдобрите македонски фудбалери е одлична вест за сите во нашиот национален тим. Доколку не е повреден, Адеми дефинитивно ќе биде стартер на гостувањето против „аѕурите“ во Палермо, проблем помалку за Милевски во ситуација кога на располагање ги нема Елмас и Костадинов поради суспензии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА