„Ништо не спречува, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба и исклучителната важност на мечот, да се отвори стадионот со 100% од капацитетот за мечот Италија – Македонија, важен за пласман на СП во Катар“ – истакна денеска Сперанца.
Како што е познато, Италија претходно експресно продаде 26.000 билети за мечот со Македонија, па сега се очекува дополнителни околу 10.000 да бидат пуштени во продажба во следните денови.
За македонските навивачи се издвоени 1.500 билети, од кои до денеска преку официјалната онлајн продажба преку „Вива тикет“ се продадени 200 билети за македонски навивачи. Се очекува и околу 1000 Македонци да дадат поддршка за македонската репрезентација на дуелот на 24. март во Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА