Голем број од најдобрите фудбалери на ПСЖ летово ќе си заминат од „Паркот на принцовите“, а пред управата на клубот е тешка задача да донесе соодветни замени.
„Светците“ се надеваат дека ќе го убедат Дембеле од Барселона да се врати назад во татковината и да му се приклучи како слободен играч на ПСЖ, а како дополнителна опција за навалното трио се споменува и Рафаел Леао. Португалскиот крилен офанзивец игра во одлична форма во дресот на Милан, „росонерите“ сакаат да го задржат, но понудата што ПСЖ ја подготвува е премногу добра за да биде одбиена.
Имено, францускиот гигант ќе понуди 70 милиони евра за услугите на Леао, сума на која „росонерите“ тешко дека ќе можат да одолеат. Португалецот е среќен во Милано, но ПСЖ му нуди плата од шест милиони евра годишно плус бонуси, што е четири пати повеќе од она што го заработува во моментов на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА