И покрај најавите дека Пауло Дибала ќе се врати во стартниот сотав на Јувентус, аргентинскиот ас вечерашниот натпревар против Вилјареал ќе го стартува од клупата за резерви. И покрај ремито на првиот меч на „Ел Мадригал“, избраниците на Масимилијано Алегри ќе мора да триумфираат вечерва поради укинувањето на правилото гол во гости.
Томас Тухел повторно се реши да ги остави на клупата Ромелу Лукаку и Тимо Вернер и со Пулишиќ и Хаверц да стартува на гостувањето кај Лил во реваншот од осминафиналето во елитата. Првиот меч актуелниот европски шампион го доби со 2-0.
ЈУВЕНТУС – ВИЛЈАРЕАЛ
ЈУВЕНТУС: Шчесни, Де Шилјо, Де Лихт, Ругани, Данило, Артур, Рабио, Локатели, Квадрадо, Мората, Влаховиќ.
ВИЛЈАРЕАЛ: Рули, Орие, Албиол, Пау Торес, Еступиан, Пино, Парехо, Капуе, Тригерос, Ло Селсо, Данјума.
ЛИЛ – ЧЕЛСИ
ЛИЛ: Жардим, Челик, Џало, Ботман, Фонте, Гудмунсон, Џека, Бамба, Дејвид, Бурак Јилма, Андре.
ЧЕЛСИ: Менди, Кристенсен, Силва, Рудигер, Азпиликуета, Канте, Жоржињо, Алонсо, Ковачиќ, Пулишиќ, Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

