Фудбалерите на Јувентус: Се извинуваме на навивачите, сезоната не е готова

Јувентус уште една сезона не успеа да ја помине осминафиналната пречка во Лигата на Шампионите откако на домашен терен од Вилареал загуби со убедливи 3-0. Клубот од Торино беше подобриот противник во речиси 75 минути од мечот, но пресуди физичката подготвеност поради која избраниците на Алегри не успеаја да го задржат ритамот до самиот крај.

По натпреварот бекот Данило им се извини на навивачите, додека Квадрадо изјави дека ова не значи крај на сезоната и дека Јувентус сеуште е во игра за два трофеја.

„Тоа е Лигата на Шампионите, тука екипите играат на високо ниво не смеете да си дозволите никакви грешки. Мораме да научиме од ваков пораз. За да се натпреварувате во вакви мечеви морате да бидете концентрирани до самиот крај. Ние не бевме и бевме казнети. Тешко е да разберам што ни се случи, но само можеме да им се извиниме на навивачите“, изјави Данило.

„Нема објаснување за ова, едноставно фудбалот е таков некогаш. Одигравме добро прво полувреме, но не ги искористивме шансите и тоа влијаеше на нас. Вилјареал добро се бранеше и ја сочека својата шанса. Нокаут-фазата е секогаш тешка. Верувам дека следната година ќе стигнеме подалеку. Сезоната не е готова, сега ќе се свртиме кон првенството и Купот“, додаде Квадрадо.

Се вчитува...