Играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба на социјалните мрежи објави дека во вторникот навечер доживеал пекол.
Погба на мечот со Атлетико играше до 67. минута, а Јунајтед загуби и испадна од Лигата на шампионите. Французинот после мечот веднаш се упатил дома, не знаејќи што му се случува со децата кои се стари една, односно три години.
„Таа ноќ моето семејство го доживеа најлошиот кошмар кога крадци влегоа во нашиот дон, додека децата спиеле во својата соба. Крадците биле таму пет минути, и ми земаа нешто највредно што имавме во домот, а тоа е чувството на сигурност. Тоа се случило во текот на последните натпревари од натпреварот во Лигата на шампионите, кога крадците знаеја дека не сме дома. Сопругата и ја побрзавме дома, а не знаевме дали нашите деца се сигурни и дали некој им наштетил“, напиша Погба.
„Како татко нема полошо чувство на свет од она кога не сте во можност да ги заштитите своите деца. Искрено се надевам дека нема никој да го почувствува она што јас го почуваствував. Поради тоа нудам секаква награда за тие што ќе помогнат да ги најдеме ограбувачите“, додава играчот на Јунајтед.
— Paul Pogba (@paulpogba) March 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

