По вчерашната победа во спуст, Австриецот, Винсент Крихмаер триумфираше и на денешната супервелеслаломска трка во францускиот Куршевел во сезоната во светскиот куп во алпско скијање.
Австрискиот скијач до победата стигна со време од 1:09.43 минута што беше за 53 стотинки подобро од второпласираниот Марко Одермат од Швајцарија. Третото место му припадна на вториот Швајцарец, Џино Кавицел кој доцнеше 75 стоти делови од секундата зад победничкото време.
Александер Омот-Килде уште од претходно го имаше осигурно малиот кристален глобус во супер-џи, додека Марко Одермат вчера ја потврди победата во генералниот пласман во светскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА